Свети Седмочисленици, Свети Климент и Свети Великомаченик Пантелејмон – Света Архиерејска Литургија во Битола

На 09.08.2024 г, кога го празнуваме споменот на Светите Седмочисленици  и на Светиот Великомаченик Пантелејмон, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Ице Поповски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Никола Атанасов, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Великомаченик Пантелејмон, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.