Свети Наум Охридски – Архиерејска Божествена Литургија во манастирот Свети Наум Охридски – Битола

На 03.07.2024 г., кога го празнувавме споменот на Светиот Наум Охридски, Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Игор Ризановски и протоѓаконот Драган  Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“, во Битола.

По Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, отслужи молебен при опасности и несреќи.

Верниот народ се причести со Светите Христови тајни.