На 26.10.2024 г., кога се празнуваат Светата Великомаченичка Злата Мегленска, Светите маченици Карп и Папила и Светиот свештеномаченик Венијамин ѓакон, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на епископот Велички г. Никола, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Сотир Гочевски, протоерејот Михаил Матвеев и протоѓаконите Драган Георгиевски и Константин Сековски, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Ресен.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.