На 20.07.2024 г., кога го празнуваме споменот на Светата Великомаченичка Киријакија (Недела), Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Пенчо Пусовски, Љупчо Атанасов, протоѓаконот Ѓорѓи Делев, ѓаконите Александар Маргулевски и Димитар Поп Атанасов, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Великомаченица Недела, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.