Света Архиерејска Литургија во манастирот „Свети Јован Крстител“, во Слепче

На 20.06.2023 г., кога го празнуваме споменот на Светиот маченик Теодот Анкирски, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на Неговото Преосвештенство епископот Велички г. Никола, протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов, игуменот Серафим (Јончевски) и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Јован Крстител“, во Слепче.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.