На 02.03.2024 г., кога го празнуваме споменот на Светиот Лав I, папа Римски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Благој Стефановски, ерејот Метошко Дончовски, протоѓаконот Ѓорѓи Делев и ѓаконот Стојан Пешовски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Архангел Гаврил“ во Битола.
На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, благоволи во ѓаконски чин да го ракоположи богословот Стојан Пешовски.
Од името на Епархијата, на новоракоположениот ѓакон Стојан Пешовски, му го честитаме ѓаконскиот чин и се молиме достојно да Му служи на Бога и на верниот народ, принесувајќи многубројни плодовите.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.