На 06.10.2024 година, во Неделата на сите македонски светители, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – по повод 25-годишнината од неговото востоличување на тронот на Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската Православна Црква – чиноначалствуваше на Светата Литургија во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје. Нему му сослужуваа Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски, г. Петар, Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, Струмички, г. Наум, Повардарски, г. Агатангел, Крушевско-демирхисарски, г. Јован, Европски, г. Пимен, Брегалнички, г. Иларион, Тетовско-гостиварски, г. Јосиф и Кумановско-осоговски, г. Григориј; и Нивните Преосвештенства, Епископите: Дељадровско-илинденски, г. Јоаким и Делчевско-каменички, г. Марко.
Пред самиот крај на Литургијата, Архиепископот се обрати до верниот народ со пригодно, свечено слово.