СОСЛУЖЕНИЕ НА ПРАЗНИКОТ ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

На 14.10.2024 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ во с. Ѓунис, кај Крушевац, Р. Србија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, на Митрополитите Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Бачки г. Иринеј и Нишки г. Арсениј, на Епископите Хераклејски г. Климент и Јенополски г. Никон, како и многубројно свештенство од двете цркви. Пред неизбројниот верен народ свои обраќања имаа и Патријархот Српски г. Порфириј и Архиепсикопот Охридски и Македонски г. Стефан, а на крајот сите беа поздравени и од домаќинот, Епископот Нишки г. Арсениј, кој на двајцата Поглавари им подари пригодни подароци.