На 16.06.2024 година, во Седмата недела по Пасха (Недела на Светите Отци на Првиот Вселенски Собор), кога го празнуваме споменот на Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Влатко Ристески, ерејот Лазе Колевски и протоѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Вознесение Христово“, во Долнени.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Светата Бопжествена Литургија, во село Дупијачани се освети камен темелник за изградба на нов храм посветен на Воскресението Христово.