На 22.05.2024 г., кога го празнуваме споменот на пренос на моштите на Свети Николај, Мирликијскиот Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на Неговото Преосвештенство епископот Велички г. Никола, протоереј-ставрофорот Никола Грамбозов, игуменот Мојсеј (Тодоровски), еромонахот Јоаким (Мрмачовски) и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Никола“, село Манастир, Мариово.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.