На 28.07.2024 г., во Петтата недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоерејот Гоце Велјановски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
На Божествената Литургијата, Митрополитот г. Петар, во чин чтец благоволи да ги ракопроизведе чедата Божји: Христијан Тоневски, Јован Димовски и Цветан Најдовски.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.