На 17.03.2024 г., во Сиропусната неделата, посветена на Адамовото изгонување од рајот, кога го празнуваме споменот на преподобниот Герасим, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Никола Грамбозов и протоѓаконот Драган Георгиевски , отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Ако не им ги простите прегрешенијата на луѓето, и вам вашиот Отец Небесен, нема да ви ги прости вашите!“ (сп. Марко 11, 25).
Го слушнавме, браќа и сестри, денешното Свето литургиско Евангелие, кое ни говори за тоа дека веќе се исполни времето…