На 06.07.2024 год, во градот Братунац, во Босна и Херцеговина беше отслужена Света Архијерејска Литургија на којашто началствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј. Со него сослужуваше и Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, заедно со архијереите на Српската православна црква: Дабробосанскиот г. Хризостом, Зворничко-тузланскиот г. Фотиј, Захумско-херцеговскиот и Стонско-приморски г. Димитриј, Ваљевскиот г. Исихиј, Шабачкиот г. Јеротеј, на Париз и Западна Европа г. Јустин, Новобрдскиот г. Иларион, Липљанскиот г. Доситеј и избраниот викарен епископ Јенополски г. Никон и многубројно свштенство и монаштво.
Покрај многубројниот верен народ, на Литургијата беа присутни и високи државни преставници: претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерите на Република Србија и Република Српска, Милош Вучевиќ и Радован Вишковиќ, претседател на Народното собрание на Србија, Ненад Стевандиќ, министри во владите на Српска и Србија, српски претставници во заедничките тела на ниво на Федерацијата Босна и Херцеговина, претставници на општини, градови и национални организации и институции.
По светата Литургија, од Богородичната црква, преку улиците на Братунац тргна поворка, предводена од Светејшиот Патријарх, до градските гробишта каде што беше отслужена Панихида.