На 22.03.2024 г., во првиот петок од Великиот пост, Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско- новозеландски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Николче Димовски Чонтев, Игор Ризановски и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Мало повечерие со читање на првата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.