На 10.11.2024 г., во Дваесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Параскева Икониска и Светиот Димитриј Ростовски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Љупчо Атанасов, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Александар Маргулевски, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Великомаченица Недела, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.