Дваесет и седмата недела по Педесетница (Недела на Светите Праотци)– Архиерејска Литургија во храмот Света Великомаченица Недела“, во Битола

На 29.12.2024 г., во Дваесет и седмата недела по Педесетница (Недела на Светите Праотци), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на  протоерејот Пенчо Пусоски, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Александар Маргулевски, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Великомаченица Недела, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.