Дваесет и трета недела по Педесетница -Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Света Великомаченик Димитриј“ во Битола

На 01.12.2024 г., во Дваесет и третата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите маченици Роман и ВарулСветиот маченик Платон, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Златко Костовски, Кирил Трајковски, протоереите Љупчо Атанасов, Дејан Секуловски, Веле Спирковски, Николче Неделковски, Крсте Тасески, Љупчо Бакрачевски, Јове Тренчевски, Ѓорѓи Делев, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, ѓаконите Димитар Поп Атанасов и Крсте Атанасов, отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.

На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, благоволи во свештенички чин да го ракоположи протоѓаконот Ѓорѓи Делев, а во ѓаконски чин, дипломираниот теолог Крсте Атанасов.
Од името на Епархијата, на новоракоположениот свештеник  Ѓорѓи Делев и на ѓаконот Крсте Атанасов, им ги честитаме примените свештените чинови и се молиме достојно да Му служат на Бога и на верниот народ, принесувајќи многубројни плодовите.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.