На 23.06.2024 г., празнувајќи ја Светата Педесетница – слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Влатко Ристески, Илчо Смилески, Ристо Кочанов, протоѓаконот Ѓорѓи Делев и ѓаконот Александар Петковски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп.
Веднаш после Божествената Литургијата, Митрополитот г. Петар ја отслужи вечерната Богослужба со читање на молитвите за призив на Светиот Дух.