На 25.08.2024 г., во Деветтата недела по Педесетница, кога го празнувавме споменот на Светите маченици Аникита и Фотиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Николче Неделковски и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Никола“, во Боримечка.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.