На 03.11.2024 г, во во Деветнаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот Иларион Мегленски, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот-ставрофор Златко Костовски, протоерејот Крсте Тасески и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, во село Буково.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.