Постот е древна практика, произлегува од рајот и означува воздржување. Првосоздадените луѓе отпаднаа од рајот, поради тоа што ја прекршија првата Божја заповед (Бит. 2, 17), а тоа е постот. Постот, како една од добредетелите која води во спасение, е лекување на непослушанието на прародителите, кои, за жал, не се воздржаа да испостат од плодот на дрвото.
А постот без покајание, е пост без Светиот Дух, неосветен и недуховен, сиромашен пост. Зошто? Кога човекот не се кае, Духот Божји се натажува и се оддалечува од човекот, но во моментот, пак, на покајание, дејствува благодатта Божја, и Духот се вселува во човекот, а со Него и Синот и Отецот, за да го направат човекот достоен храм Божји.
Асс. Докторанд м-р Борче Грамбозов, Православен Богословски факултет ,,Св. Климент Охридски”, Скопје, УКИМ