На 01.10.2023 г., кога го чествуваме Соборот на сите Македонски светители, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Стобиски г. Јаков, како и бројно свештенство на нашата Света Македонска Црква, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“, во Гевгелија.
Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, од името на Синодот на Македонската Православна Црква-Охридска архиепископија, упати апел за духовно и национално обединување на Македонскиот народ.