На 28.05.2023 година, во Седмата Недела по Пасха (на Св. Отци од Првиот Вселенски Собор), кога го празнуваме споменот на Св. Гаврил Епископ Велички, Св. Ахил Преспански, преп. Пахомиј Велики; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Михаловско – кошицки г. Георгиј од Православната Црква на Чешките земји и Словачка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски г. Петар и свештенослужители од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и од Православната Црква на Чешките земји и Словачка, отслужија Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Гаврил Лесновски” во Лесново. Неговото Високопресвештенство г. Георгиј одржа содржајна беседа, а на крајот од Божествената Литургија, Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб.