На 07.11.2022 г., во предвечерието кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Димитриј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на Чешките земји и Словачка, отслужи празнична архиерејска Вечерна богослужба во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
Чудесен Војводо на градот Солун, голем угоднику Христов и славен, подвижнику, Свети Димитрие, тебе, кој на светот му точиш миро на милост, ние те почитуваме и ти пишуваме пофалба, а ти имајќи слобода пред Господа, од секоја беда избави не’, за верно да ти воскликнуваме: Радувај се, Свети Димитрие, славен Великомачениче и Чудотворче!