На 09.01.2021 г., третиот ден од Рождеството Христово, кога го празнуваме споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Сотир Гочевски, Михаил Матвеев, Горан Кутлешовски, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Константин Сековски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“, во Ресен.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.