На 19.12.2022 г., кога го празнуваме споменот на Светиот Николај Мирликиски Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент, протоереите Влатко Ристески, Илчо Смилески, Ристо Кочанков, ерејот Миланчо Стојановски, протоѓаконот Ѓорѓи Делев и ѓаконот Александар Петкоски, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После Светата Божествена Литургија, пред параклисот на Свети Никола во центарот на градот, се изврши мал водосвет и прережување на славскиот колач.