На 18.12.2022 г., во предвечерието кога го празнуваме споменот на Светиот Николај, Мирликиски Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна Богослужба во храмот посветен на Свети Никола, во Боримечка, Битола.
Отче Николае, како мирохранилница на Пресветиот Дух, во (градот) Мир шириш мирис на божествени аромати; a подобен на Христовите апостоли, со твоите зборови и чудеса ја обиколуваш вселената. Затоа, и на оддалечените како и на блиските, јавувајќи се на сон, од смрт ги избавуваш оние што требало да умрат неправедно осудени, и чудесно спасувајќи од неволи мнозина кои те призиваат. Затоа, со твоите молитви, ослободи нѐ од надојдените опасности и нас, кои секогаш те прославуваме.