На 04.01.2022 г., во предвечерието на празникот, кога го празнуваме споменот на Светиот Наум Охридски Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагниски г. Петар, отслужи празнична Вечерна богослужба во манастирот Св. Наум, во Битола.
Соединувајќи се со Христа си го оставил светот, живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас, со Твоите молитви, избави нè од искушенија.