На 24.05.2022 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Сесловенските Просветители и Учители, Светите браќа Кирил и Методиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско- новозеландски г. Петар, сослужуваше на Светата Божествена Литургија, на која чиноначалствуваа Неговата Светост Патријархот на Српската Православна Црква г.г. Порфириј и Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан и Архиереи на Српската Православна Црква и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
На Божествената Литургија, Патријархот г.г. Порфириј ја соопшти Одлуката на Соборот на Српската Православна Црква, дека еднодушно, ја прифаќа и признава Автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
На Многаја и Благаја Лета!!!