На 06.07.2022 г, во предвечерието кога го славиме раѓањето на Светиот пророк и Крстител Господов Јован, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, отслужи Празнична Вечерна богослужба во манастирот „Свети Јован Крстител“, во Битола.
Денес се јави големиот Претеча, кој излезе од неплодната утроба на Елисавета, најголемиот пророк меѓу сите пророци, и како него друг не се појави, зашто врвната Светлина го следи светилникот Претеча, и Словото го следи Гласот, и Младенецот – оној што ја води Невестата, и подготвува народ избран за Господа, предочистувајќи го, преку Духот, со вода; тој е цветот на Захаријан и најдоброто воспитување на пустината, проповедник на покајанието, очистување на гревовите, кој, на оние што се во адот, им благовести воскресение, и кој се моли за душите наши.