ПОСЕТА И ПОКЛОНЕНИЕ НА РУСКАТА ЧУДОТВОРНА ИКОНА ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО БИТОЛА

На 20.09.2022 год, околу 15 часот ќе пристигне чудотворната руска икона Покров на Пресвета Богороедица наречена “Кругосветна”, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола.

Се покануваат верниците на Макадонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, кои имаат желба да се поклонат и да испросат милост од Мајката Божја, преку нејзината чудотворна икона.

Иконата досега беше изложена на поклонение во храмовите на Белградската Епархија и оттаму доаѓа кај нас во Битола, а потоа ќе пристигне во Ерусалим во Ерусалимската Патријаршија.

На оваа чудотворна икона досега во Белградската Епархија се поклониле повеќе од 400 илјади верници.