На 14.10.2022 година, на празникот Покров на Пресвета Богородица, Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј беше востоличен во тронот на Архиепископите пеќки и Патријарсите српски.
На Божествената Литургија во древниот манастир на Пеќката Патријаршија, чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј, во сослужение на голем број архиереи од СПЦ, меѓу кои: Митрополитот Будимпештански Иларион од Руската Православна Црква и Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
На крајот на Божествената Литургија, беше извршен свечениот чин на востоличување на Неговата Светост г.г. Порфириј во тронот на Архиепископите пеќки и Патријарси српски.