Поради едносуштноста, едно и заедничко е дејството и енергијата на Троичниот Бог (Бит. 1, 27), додека различно е делото на секое од лицата.
На пр. создавањето на светот е заедничка енергија на сите три лица, но сѐ: е од Отецот (со благослов) преку Синот (се извршува) во Светиот Дух (се осветува).
Најпосле, затоа што е заедничка несоздадената енергија велиме дека животот е дар на Троичниот Бог, а не само на Отецот, или на Синот, или на Светиот Дух. Истовремено, затоа што е различно делото, ние ги разликуваме трите лица едно од друго. Амин.
Асс. мр. Докторанд Борче Грамбозов, Православен Богословски факултет, Скопје