На 17.09.2022 год, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, во рамките на БитФест се одржа концерт на византиско црковно пеење.
На концертот настапуваа повеќе црковни хорови, меѓу кои: византискиот хор „Св. Ахил Преспански“ од Ресен, византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“ од Битола, и женскиот црковен хор „Св. Макрина“ од Битола.