На 01.04.2022 г., во четвртиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско- новозеландски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Зоран Димовски, Атанас Лажовски, Николче Димовски и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Мало повечерие со читање на четвртата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.