На 02.07.2021 г., во предвечерието на празникот, кога го празнуваме споменот на Светиот Наум Охридски Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагниски г. Петар отслужи празнична Вечерна богослужба во манастирот Св. Наум, во Битола.
Дојдете верни, набожно собрани, со песни и пеења сега почит да му оддадеме на чудесниот Наума, исполнет со божествени дарови, пеејќи вака: Радувај се ти кој, со благодата на Светиот Дух, Му ги приведе на твојот Господ народите Мизијски, и кој со проповед и чудеса осветли се што се наоѓа под снцето; ти кој ги носиш догматите на верата, и ја погуби прелеста на безбожието.