СООПШТЕНИЕ

Сите православни христијани се повикуваат, при пописот на населението, да ја искористат можноста, во делот за религиозна припадност, да се изјаснат како православни христијани, бидејќи таа опција постои во методологијата за попишување, а попишувачите се обврзани таквата определба да ја заведат при пописот.

Православен христијанин – е јасна и недвосмислена идентитеска определба на сите кои ѝ припаѓаат на Светата Православна Црква. Истовремено ваквото изјаснување на македонските граѓани е и остварување на основните верски слободи  и права во македонското општество.

Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА