Во Петтата недела од Великиот пост, кога го празнуваме споменот на Света Марија Египетска, Преподобниот Марко Трачески и Светите маченици Агатопод и Теодул, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, зеде молитвено учество на Светата Божествена Литургија и се причести со Светите Христови Тајни, а на крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Петар, кон верниот народ се обрати со кратка беседа, во која меѓу другото рече:
„Браќа и сестри, во ова тешко време за нас, сите го носиме својот спасителен
Крст, па така и јас на оваа моја возраст, понесов уште еден Крст т.е. Крстот на оваа
тешка и страшна болест, од која во моментот посебно е погоден и нашиот град,
нашата Татковина и сиот свет. Од с`е срце му благодарам на Бога, а и на вас, браќа и сестри, за
вашите Свети молитви за мене недостојниот“.
И ние, ја искажуваме благодарноста кон Бога, Пресветата наша Владичица
Богородица, и Сите Свети, за радоста, што нашиот Владика е со нас и предстои
пред Бога за нас!. На многаја лета Свет Владико!
Во ова тешко време, браќа и сестри, да ги зајакнеме нашите молитви, постот и подвизи, за
Милистовиот Бог, да го тргне од нас ова тешко искушение!
Спаси го Господи сиот свет, нашиот град и нашата Татковина Македонија, болните исцели ги и дај им сила на они што им служат и ги лекуват! Амин!