Господ на Славата на Стариот Завет, Логосот Божји, се воплоти во утробата на Дева Марија и стана Христос. Името “Христос” ја означува воплотената човечка состојба на Логосот. Се поврзува со името “Емануил”. Овие две имиња имаат библиска основа во Стариот и Новиот Завет и се однесуваат на посебното дело на Логосот Божји во светот и историјата. Името “Емануил” (μεθ᾽ ἡμῶν ὁ Θεός) е име кое му е дадено на Логосот кога стана човек, и со него се изразува следното: а) човечката состојба на Логосот, и б) тоа дека Логосот е сега еден од нас.
За крај, имињата “Христос” и “Емануил” сведочат за снисходењето и понизноста на Логосот Божји, заради нас луѓето и заради нашето спасение, согласно Символот на верата.
Црквата Христова, полека, но сигурно, се движи кон духовно и литургиско празнување на Богојавувањето, кога Троичниот Бог им се откри на луѓето преку Христовото раѓање- Божиќ.
Асс. мр. Докторанд Борче Грамбозов, Православен Богословски факултет, Скопје