На 14.11.2021 г., во Дваесет и првата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите бесребреници Козма и Дамјан и споменот на Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, Неговото Преосвештенство Епископот Стобиски г. Јаков, како и бројно свештенство од МПЦ-ОА, беше извршен чин на преосветување на храмот „Свети Атанасиј Велики“, во Богданци, по што беше отслужена Света Божествена Литургија.