Во Светла ноќ на Воскресението Христово, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, беше отслужена Пасхална Утрена и Света Божествена Литургија, со која началствуваше архиерејскиот заменик, протоерејот ставрофор Никола Грамбозов, во сослужение на протоереите Зоран Димовски, Атанас Лажовски, Николче Димовски и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Христос Воскресна! Навистина Воскресна!