На 09.01.2020 г., третиот ден од Рождеството Христово, кога го празнуваме споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Веле Спиркоски, Живко Десподовски, Јове Тренчевски, протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски, ѓаконите Даниел Дончовски и Метошко Дончовски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ (Параклис) во Прилеп.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.