На 21.09.2020 г., кога го празнувавме раѓањето на Мајката Божја, Пресветата Богородица, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Златко Костовски, Атанас Лажовски, Кирил Трајковски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
На Светата Божествена Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„И ете од сега ќе ме ублажуваат сите родови“ (сп. Лука 1, 48).
Денес, браќа и сестри, е голем и спасоносен ден на Црквата Христова, зашто на денешен ден се родила Пресветата, Пречиста и Преблагословена Богородица, Мајката на Спасителот наш Господа Исуса Христа.
Првата жена, која е создадена од Адама т.е. од неговото ребро, е нашата прамајка Ева, која заради својата непослушност и заради својата гордост, го вовела целиот човечки род во гревот, а како последица на гревот во смрт. И ете, било неопходно да дојде друга Дева…
(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот Петар»