На 24.04.2020 г., кога го празнуваме споменот со Чудотото на Животворниот извор на Мајката Божја, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов и протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски, отслужи Света Божествена Литургија во митрополитскиот храм „Свети Великомаченик Георгиј“, во Битола.