На 13.09.2020 г., во Четиринаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме празникот на појасот на Мајката Божја, Пресвета Богородица и споменот на Свети Генадиј, патријарх Цариградски, Светиот свештеномаченик Кипријан и Светиот Јован, митрополит Киевски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Никола Грамбозов, протоерејот Атанас Лажовски и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Пријателе, како дојде на оваа свадбена трпеза, необлечен во свадбена облека?“ (сп. Мат. 22, 12).
Браќа и сестри, го слушнавме денешното Свето Литургиско Евангелие, во кое се говореше како Господ Исус Христос кажал една парабола во која вели: „Имаше еден цар, кој приготви свадбена трпеза за својот син, па испрати пратеници, за да ги повикаат гостите на свадбата. Но овие кога ги слушнаа пратениците, никој од нив не се оѕва на поканата. Тогаш царот испрати други пратеници, мислејќи дека сега тие ќе послушаат, но и при оваа прилика, тие повторно не се оѕваа, туку едни си отидоа на работа, други по трговија, а некои од пратениците ги фатија, биеја и ги претепаа, а многумина од нив убија. Тогаш царот, се вели по параболата, се разгневи многу и одлучи градодот да им го изгори…