На 06.01.2020 г., на Бадник, кога го празнуваме споменот на Преподобен Никола војвода и Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Златко Костовски, Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Василиева Литургија во соборниот храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Дева денес доаѓа во пештера, неискажливо да Го роди превечното Слово. Ликувај вселено кога ќе слушнеш за ова и прослави Го Бога заедно со Ангелите и пастирите!“
Браќа и сестри, кога се исполнило времето да се роди Синот Божји, Логосот, од Пресвета Богородица, како што им било ветено на нашите прародители Адам и Ева, кои кога згрешиле…