На 06.01.2019 г., во Триесет и втората недела по Педесетница (Недела пред Христовото раѓање ), кога го празнуваме споменот на Преподобен Никола војвода и Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.