На 07.08.2019 г., во предвечерието на празникот на Преподобната маченичка Параскева Римјанка, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Вечерна Богослужба во храмот „Света Петка“, во Битола.
Сефална маченице Христова, откако Го возљуби Господа Христа од сè срце, со трпение ги поднесе сите маки, со камшици биена по ребрата. Откако ги поднесе сите страдања заради Оној што Го љубеше, ги прими од Него заслужените венци. Затоа те славиме, богоблажена.