На 27.08.2019 г., во предвечерието на празникот Успението на Мајката Божја, Пресвета Богородица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Празнична Вечерна богослужба во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во Јанковец.
Со устата своја ги разгласив сите судови од устата Твоја.
Твоето лице сесвето, дишејќи со благодат и мртво како рај се покажа, Пречиста, и живот на оние што го гледаа.
По патот на Твоите сведоштва се насладувам како во секое богатсво.
Од нас, твоите чеда, прими љубов и песна погребна, што ти ги принесуваме, Мајко, од длабочината на душата.
Ќе размислам за Твоите заповеди и ќе го разберам патот Твој.
Отвори ги, Мајко, твоите чесни очи, погледни на собраните чеда што го слават чесно твоето успение.
Од наредбите Твои се поучувам, нема да ги заборавам Твоите зборови.
Устата отвори ја и дај ни благослов, Пресвета Богородице, кога си заминуваш од нас времено.
Покажи милост кон Твојот слуга, и ќе живеам и ќе внимавам на Твоите зборови.
Сега не оставај нѐ сираци, Мајко, земена од земјата на небото за да живееш со твојот Син и Бог.
Отвори ги очите мои и ќе ги разберам чудата од Твојот закон.
Околу твојот одар, стоејќи, Дево, топло те повикувамеː смилувај ни се, Сесвета, спаси ги сите верници!
Придојден сум на земјава, не сокривај ги од мене Твоите заповеди.
Дојди сега, Ано, пријди, со нас застани да началствуваш на празникот на твојата света Ќерка – Богомајката.
И копнее душата моја во секое време да ги сака Твоите судови.
Слава и пофалба да оддадеме на Бога, Кој ја повика во Светињата како Светиња, најдобрата од светиите.
Им се закани на горделивите; проклети да се оние кои се отклонуваат од Твоите заповеди.
Небото се весели, примајќи ја преславно Царицата на вселената, гледајќи ја таа што со Бога царува.