Почитувани верници, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, на ден 30.08.2019 година (петок), со почеток од 17.00 часот, и на 31.08.2019 година (сабота), со почеток од 07.00 часот, ќе се изврши Големо осветување на храмот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“ во село Стење.
Благочестиви христијани, Ве покануваме да бидете дел од големото осветување на овој прекрасен и радосен чин, за духовната радост да биде поголема и поторжествена.